Иран објави порака преку своите државни медиуми дека Ормуската теснина практично е повторно затворена, бидејќи, како што тврдат, Американците не го исполниле својот дел од договорот.
Со тоа, Техеран подразбира дека САД продолжуваат да ги блокираат бродовите што одат кон или заминуваат од иранските пристаништа, објавува Би-Би-Си.
Иранските власти сега велат дека ситуацијата се враќа на онаа од пред неколку дена, кога теснината беше под строга контрола на иранската армија.
Пред неколку дена американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Иран веќе се согласил со речиси сите негови барања, вклучително и откажувањето од залихите на високо збогатен ураниум – што Иран го негираше. Трамп, исто така, навести дека историски договор со Техеран може да биде на повидок.(МИА)







