Проф. д-р Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања е добитник на престижното признание „Digital Transformation Leader“ во рамки на првото национално издание на Women Tech Macedonia Awards 2026.
Свечената церемонија се одржа во резиденцијата на претседателката на државата, под нејзино покровителство а со поддршка на Министерството за дигитална трансформација.
Ова значајно признание се доделува за исклучителен придонес во областа на дигиталната трансформација, современите политики и унапредувањето на технолошкиот развој.
Наградата претставува потврда за посветената работа, визијата и лидерството на проф. д-р Викторија Трајков во процесите на модернизација, иновации и европска интеграција.
„Ова признание е мотив повеќе да продолжиме со создавање модерно, дигитално и европски ориентирано општество, каде младите, знаењето и иновациите ќе бидат двигатели на иднината“, истакна проф. д-р Викторија Трајков.
Women Tech Macedonia Awards ги слават жените лидери, иноватори и професионалци кои оставаат силен импакт во технологијата, образованието, претприемништвото и дигиталното општество, а годинава за првпат се организираат на национално ниво во Македонија.
Настанот обедини лидерки од институциите, академската заедница, бизнис секторот и технолошкиот екосистем, со заедничка цел – промоција на женското лидерство и дигиталната иднина на државата.








