Мисајловски: Од Охрид испративме порака за силно македонско-хрватско партнерство

Од Охрид испративме порака за силно партнерство и пријателство со Република Хрватска, со заедничка посветеност кон унапредување на соработката и европската иднина, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловкси.

Како дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, го пречекавме претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија. Во рамки на посетата беше одржана и билатерална средба на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, поддршката за европските интеграции, како и за економската и политичката соработка меѓу двете земји, истакна Мисајловски.