Тој ја бараше за жена, а Ноле го изнасмеја светот: САКАМ ПОКАНА ЗА ЗВАДБА!

Романтичен момент го одбележа натпреварот на Новак Ѓоковиќ против Кинезот Ву во првото коло на Вимблдон, кога еден навивач ја запроси својата девојка среде мечот. Запросувањето не остана незабележано ниту од српскиот тенисер, кој со духовита порака ги воодушеви присутните.

Додека мечот се играше на еден од терените на Вимблдон, на трибините едно момче клекна на колено и ја побара својата девојка за сопруга. Таа без двоумење ја прифати понудата, а романтичниот чин беше поздравен со силен аплауз од публиката.


Настанот го забележа и Новак Ѓоковиќ, кој накратко го прекина натпреварот за да им честита на идните младенци

– Сакам покана за свадба – им порача Ѓоковиќ со насмевка, предизвикувајќи смеа и аплауз од трибините.