👁️  5766

Вчера, околу 14.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи го лишиле од слобода С.А.(33) од с.Арачиново.

„За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, се вели во соопштението од МВР.