На 18 мај 2026 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во селото Јурумлери, на крстосницата меѓу регионалниот пат Скопје–Велес и општинскиот пат Јурумлери–Долно Лисиче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (44) од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П. (33) од селото Идризово.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.






