На 18.04.2026 во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(34) од с.Шемшево и велосипед, управуван од малолетник од с.Пршовце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Тетово.







