👁️  2784

Жена била погодена од гром попладнево додека пливала во морето на плажата Кашјуни во Сплит, пренесува „Слободна Далмација“. Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен.

Во моментот на ударот на гром жената наводно била во морето. Таа беше извлечена од морето до брегот од други капачи.

На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош.

Според неофицијални информации, успешна била реанимацијата. Жената со повреда на главата е пренесена во Одделот за итни случаи во КБЦ Сплит.