Тајсон ги именуваше четирите најголеми боксери во историјата

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги наведе четирите најдобри боксери во историјата.

Според Тајсон најдобрите четворка ја сочинуваат: Џек Демпси, Сони Листон, Мухамед Али и Џорџ Форман.

Демпси се борел 83 пати во својата кариера, од кои победил 68 пати, загубил 6 пати и девет меча боксувал нерешено.


Листон има 54 борби на своја сметка од кои 50 победи и 4 порази.

Форман има 81 борба во својата кариера – 76 победи и 5 порази.

Мухамед Али има 56 победи и 5 порази.