НАТО работи со САД за да ги разјасни деталите од одлуката за планираното повлекување на американските трупи од Германија, изјави денеска портпаролката на НАТО, Алисон Харт.
„Работиме со САД за да ги разбереме деталите од нивната одлука за распоредување на сили во Германија“, изјави таа на платформата „X“
Харт рече дека ова е прилагодување на военото распоредување, што дополнително ја нагласува потребата европските земји да ги зголемат инвестициите во одбраната и да преземат поголема одговорност за заедничката безбедност.
Таа потсети дека сојузниците веќе постигнале напредок во оваа насока откако се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на самитот во Хаг минатата година.
„Веќе гледаме напредок откако сојузниците се согласија да инвестираат пет проценти од БДП на самитот на НАТО во Хаг минатата година. Остануваме уверени во нашата способност да обезбедиме одвраќање и одбрана додека овој потег кон посилна Европа во посилно НАТО продолжува“, додаде портпаролката на Алијансата.
фото: Архива







