СВР Скопје и РСБСП со превентивна активност за безбеден сообраќај

Во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, денеска на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци – Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно – превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш”, „Стави појас” и „Не консумирај алкохол додека возиш”.

СВР Скопје и РСБСП со превентивна активност за безбеден сообраќај

На 10.05.2026, во рамки на кампањата за унапредување…

Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Притоа беше поделен едукативен материјал – летоци со практични совети за безбеден сообраќај.