СВЕТ НА ИЛУЗИИ И ПОЛИТИЧКА ФАНТАЗИЈА: Луѓе на Заев го туркаат „пиарот“ на Филипче, па тој и поразите ги гледа како победи

СДС и Филипче живеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда. СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции. СДС и Филипче ликуваат на победа на избори во друга држава на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак нивната сестринска партија освојува незначителни 1% од гласовите, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-СДС и Филипче и натаму не се дистанцираат и оградуваат од Заев и неговите антидржавни политики, туку напротив, негови луѓе му го тераат ПР-от на Филипче. СДС и Филипче не ја разбраа пораката од граѓаните на парламентарните и претседателските избори, кога освоија само 18 пратеника, најмалку во историјата. СДС и Филипче не ја разбраа пораката од граѓаните на локалните избори минатата година, кога освоија само 130 илјади гласови. Тие тоа го претставија како огромен успех, вели тој.

Петрушевски порачува: „Во нивниот свет на илузии, тие се претставуваат како успешни, иако нивната поддршка е сведена на минимум. Време е СДС и Филипче да се разбудат од оваа политичка фантазија и конечно да се соочат со реалноста“.