👁️  12

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во нејзиното денешно гостување во „24 анализа“ на Телевизија 24 истакна дека со последните телевизиски настапи на претседателот на ДУИ, Али Ахмети смислено се прави дефокус и тоа во време треба да се спласне темата за онкологија, кога не треба да се прашува за милионите на неговите најблиски членови на фамилијата, а сега ајде ќе зборуваме, ќе ги расфрламе пердувите, па ете Заев, Груевски нека ги бркаат.

Стојаноска му реплицираше на пратеникот на Социјалдемократскиот сојуз, Дарко Каевски каде што му укажа дека во однос на тоа што велат дека се единствена партија по многу нешта, при што го потсети дека се и единствена партија која што премиер на држава избраа на партиски состанок во партиски штаб.

Стојаноска истакна дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ е обединета како никогаш до сега и најави дека ова ќе биде прв случај каде што партијата во еден мандат настапила со одреден број на пратеници и со ист број на пратеници ќе го заврши и мандатот.

“Би сакала да најавам дека и можеби ова ќе биде прв случај кога пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бројчано, настапила во еден мандат со еден број на пратеници и со истиот број на пратеници да го заврши мандатот, кога и да се случи крајот на овој мандат“, рече Стојаноска.

Во однос на тврдењата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници биле опција за блокада, Стојаноска истакна дека тоа е опција за национален спас и дека единствена пречка за напредок на Македонија кон полноправно членство во ЕУ се криминалот и корупцијата во владините редови.

„И во однос на тоа дека ние сме биле опција за блокада, напротив јас сметам дека сме опција за национален спас, за разлика од СДСМ која што морам да констатирам дека национално ги исплакна пратениците, или пак тие дозволија да бидат национално исплакнати и дека е ултра или супер корумпирана партија. Од почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, единствен и најважен услов е во оваа држава да прекинат корупцијата и криминалот“, истакна Стојаноска.