👁️  131

Аргентина и Хрватска ќе се сретнат во првото полуфинале на Мундијалот во Катар. „Коцкестите“ победија на последното соочување пред четири години во Русија, па Лионел Меси и „гаучосите“ ќе се обидат да сервираат одмазда за високиот пораз.

Лионел Скалони и Златко Далиќ ги открија стартните состави за полуфиналето. Кај Хрватите нема ниту една промена од четвртфиналниот меч против Бразил, а меѓу аргентинските фудбалери има само една промена, а тоа е Леандро Паредес на местото на суспендираниот Маркос Акуња.

Аргентина: Мартинез; Молина, Ромеро, Отаменди, Таљафико; ДеПол, Фернандез, Паредес, Мекалистер; Меси, Алварез;

Хрватска: Ливаковиќ; Јурановиќ, Ловрен, Гвардиол, Соса; Брозовиќ, Модриќ, Ковачиќ; Пашалиќ, Крамариќ, Перишиќ;

Натпреварот на „Лусаил Иконик“ стадионот во Лусаил се игра со почеток во 20:00 часот.