👁️  1510

Добитно ливче од 252,4 милиони евра заврши во рацете на жител на американската држава Охајо. Добитното ливче е купено во малиот град Македонија во оваа сојузна американска држава.

Ова е четврти добитен лоз во Охајо. Продавачот на лозот ќе добие 100.000 долари само затоа што го продал. Минатиот петок беше доделен џек пот од 483 милиони долари, а претходно џек потот изнесуваше 20 милиони долари.

Името на градот Македонија важи за мала заедница од околу 12.000 жители. Името потекнува од првата половина на 19от век и е поврзано со проповеди на Бибилијата што во градот ги вршеле млади теолози, а во кои често цитирале пасус каде се споменува римската провинција Македонија.