Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници

Речиси едно од четири првични барања за азил во ЕУ минатата година било поднесено од малолетници, соопшти денеска Евростат, статистичката служба на ЕУ.

Приближно 158.400 од оние што барале заштита биле на возраст под 18 години во 2025 година, што претставува 23,7 отсто од сите првични барања, додаде Евростат. Пропорцијата е особено висока во Австрија (57,3 отсто) и Германија (44,9 проценти).

Меѓу малолетните лица кои првпат побарале азил во ЕУ, околу 13 отсто биле малолетници без придружба, односно деца и адолесценти без родителска придружба.

Најголем дел од помладите баратели на азил во 2025 година дошле од Азија (39 отсто) и Африка (27,3 отсто), при што Авганистан, Сирија и Венецуела се меѓу најчестите земји на потекло.