СОВРШЕН ТРИК: Еве како никогаш повеќе да немате дамка од пудра на јаката од кошулата

Постои мал моден проблем што може да го уништи дури и најстилскиот аутфит за секунди – пудра и траги од шминка на бела кошула.

Доволни се неколку допири на лицето со јаката и совршено средениот изглед одеднаш повеќе не изгледа толку луксузно. Особено кога станува збор за бели кошули кои се вечен класик, светли блузи или парчиња изработени од фини материјали, шминката лесно се пренесува на ткаенината и остава грди дамки на јаката и манжетните.

Сепак, социјалните медиуми пронајдоа трик што стана вирален, а решението веројатно е веќе во вашата бања.

Да, обичниот лак за коса може да стане тајно оружје против дамки од шминка. Доволно е лесно да го испрскате внатрешниот дел од јаката пред да се облечете и да создадете невидлив заштитен слој што го отежнува лепењето на пудрата за ткаенината.


-Испрскајте многу мала количина на внатрешната страна од јаката.
-Држете го шишето на мало растојание за да не се навлажни материјалот.
-Почекајте целосно да се исуши.
-Само потоа облечете ја кошулата.

Важна забелешка

Пред да го пробате трикот, тестирајте го лакот на скриен дел од облеката, особено ако е свила, волна или чувствителен материјал. Некои производи може да остават трага или да ја променат текстурата на ткаенината.