Советување „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“

На Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“.

Советувањето се реализира по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, како и во рамки на одбележувањето на 80 години од издавањето на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик.

Настанот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет при УГД, а е организиран во соработка со Сојузот на просветните работници на Република Македонија, Здружението на просветни работници на Град Скопје, Здружението на одделенски наставници „Учител“, Здружението на просветни работници на Град Куманово, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип и Општина Штип, со поддршка на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и „Просветно дело“ – редакција „Детска радост“. (МИА)