👁️  208

Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата, во американската сојузна држава Јута, со помош на падобран, носејќи околу 250 грама материјал собран на астероидот Бену.

Веднаш по слетувањето на Земјиното тло, примерокот успешно беше пренесен во лабораториите на НАСА во Тексас за тестирање. Со помош на 60 различни научни пристапи, тим од околу 200 стручњаци ќе се обидат да ги проучаат камчињата и правта од астероидот во обид да откријат показатели за настанокот на животот на Земјата.

While some members of the recovery team pack up the sample to deliver it to a temporary clean room here at UTTR, others are taking air and ground measurements to catalog any possible contaminants. https://t.co/ZK9XtEk91H pic.twitter.com/Kg5Eqlh0xl

— NASA Solar System (@NASASolarSystem) September 24, 2023

Инаку, научниците претпоставуваат дека многу од клучните компоненти за развој на животот на „Сината Планета“ пристигнале во нејзината рана историја после удар на астероид. Со цел да ја истражи оваа хипотеза, НАСА лансираше сонда кон астероидот широк 500 метри во 2016 година. За леталото да стигне до Бену беа потребни две години, па следеа две мапирање на површината пред тимот научници и набљудувачи од Земјата да најде соодветно место за собирање на примерокот.

На 20 октомври 2020 година сондата се спушти до астероидот и успеа да земе доволна количина прав.

Инаку, според НАСА, Бену од сите присутни тела во Сончевиот Систем има најголема веројатност да удри во Земјата. Сепак, нема причина за грижа, бидејќи и таа веројатност за судир, иако постои, е многу мала, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).