Соборен нов британски рекорд, трансферот на Енцо Фернандез го надмина Џек Грилиш

Недостига официјализација од двата клуба, но неколку минути пред истекот на зимскиот преоден рок соборен е рекордот на англискиот фудбал, јавија релевантни англиски медиуми. Имено, депониран е трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи за рекордни 120 милиони евра. 25% од оваа сума добива Ривер Плата, која вметна клаузула при трансферот на фудбалерот во Бенфика.

Португалскиот гигант му дозволи на Фернандез да ги помине медицинските тестови во Лисабон и го комплетира договорот пред крајниот рок на полноќ. Фудбалерот потпиша договори до јуни 2031 година.