СО ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ НА ВЛАСТ: Секој трет граѓанин во Македонија живее во сиромаштија, 600.000 преживуваат со 150 денари на ден

Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година со СДС по 24.000 луѓе стануваат сиромашни, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме. Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот. Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000. Во 2018 година бројот на луѓе кои живееле во сиромаштија бил 460.000 , денес 600.000. Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови, посочуваат од опозициската партија.