Екипата на ТФТ од Скопје ја очекува вториот меч од финалната серија во АБА-2 лигата против Широки Бријег.
Тренерот Боро Смилковски е свесен дека пораз ќе значи и крај за тимот од Тафталиџе за влез во елитата.
„Ова е „do or die game“ за нас. Самата подготовка го акцентираше психолошкиот аспект и пристап за натпреварот. Во едно лимитирано време за работа успеавме да коригираме и одредени детали во насока на подобар перформанс. Го респектираме противникот, но се респектираме и себе, важноста на натпреварот го става карактерот на екипата на тест – нешто што сум сигурен дека ќе го поминеме“, изјави тренерот на ТФТ пред мечот.
Првата средба во БиХ ја доби Широки Бријег.
Серијата се игра до две победи. Мечот меѓу ТФТ Скопје и Широки Бријег се игра во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк во среда од 19:00 часот.




