На 07.05.2026 во 16:30 часот, од Итната медицинска помош е пријавено дека во куќа на ул.„Никола Тесла“ во Гостивар е пронајден починат Д.А.(77) од Скопје, кој живеел сам.
-Лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судската медицина за обдукција, информираат од СВР Тетово.







