Познатата манекенка Џиџи Хадид, чие вистинско име е Јелена Ноура Хадид, откри како го добила прекарот по кој денес е позната низ целиот свет.
Имено, прекарот е создаден благодарение на една симпатична ситуација од прво одделение.
Хадид првпат се појави во јавноста во 2012 година во реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, во кое учествуваше нејзината мајка Јоланда Хадид. Набрзо почна да гради своја кариера, а откако потпиша договор со модната агенција IMG Models во 2013 година, дебитираше на Неделата на модата во Њујорк веќе следната година.
За првпат се појави на ревијата на Victoria’s Secret во 2015 година, а своите познати ангелски крилја ги доби една година подоцна. Пред четири години, таа стана мајка на девојче, Каи, кое го доби со поранешниот член на групата One Direction, Зејн Малик.
Иако многу детали од нејзиниот живот се добро познати на јавноста, помалку е познато дека Џиџи всушност е родена како Јелена Ноура Хадид.
Родена е во Лос Анџелес, но нејзиното семејство има корени во неколку земји. Од страната на нејзиниот татко, таа потекнува од палестинско семејство, додека нејзината мајка е родена во Холандија. Токму затоа Џиџи и нејзината сестра Бела Хадид често го нагласуваат своето палестинско и холандско потекло.
Прекарот ѝ го дала нејзината мајка, која нејзината мајка (бабата на Џиџи) ја викала со истиот прекар кога била мала.
„Така ме викаа дома кога бев мала, исто како мајка ми кога била дете“, изјави Џиџи за Vogue во интервју во 2015 година.
Прекарот се преселил од семејниот дом во училиштето поради една ситуација. Во нејзиниот клас имало друго девојче со слично име, Хелена, па наставничката сакала да избегне забуна.
„Наставничката ја прашала мајка ми: „Ако треба да ја викам Јелена со прекар, како би ја викала?“ Мајка ми одговорила: „Понекогаш ја викам Џиџи“, и така прекарот останал“, открила манекенката.







