САД: Отстранети се 13,5 килограми високо збогатен ураниум во Венецуела во соработка со Велика Британија

Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум.

Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави Гардијан.


Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД соопшти дека операцијата е спроведена безбедно и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која потврди дека материјалот е транспортиран по копно и море во сложена логистичка операција.