Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува. Според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДС е очигледна токму во овие аспекти. Таа додаде дека лидерот на СДС и самата партија има недоволна поддршка од членството, поради начинот на комуникација, променливите ставови.
-Трите работи по кои што се идентификува граѓанинот со лидерот на политичката партија се конзистентностна ставови, работа, посветеност и резултати од таа работа. Конзистентноста на работите која што ја кажува еден лидер, работата согласно тие ставови кои што ги има и резултатите кои што ги даваат се, за мене, навистина еден клучен сегмент, зошто би ја имал еден лидер довербата, вели Митева.
Таа рече дека ако се споредат Христијан Мицкоски и Венко Филипче во однос на конзистентноста на нивните ставови, разликата е јасно видлива и може да се согледа преку повеќе параметри и индикатори.
-Од начин на водење на сопствената партија, од наназад начин на водење на институциите, додека бил во рамки на извршната власт, од рамки на комуникацијата која што ја има со новинарите, со медиумите, коишто за мене, како личност која што работи во таа сфера, со тие луѓе, е навистина непримерна, зачудувачка и нејасна од многу страни-, рече Митева и додаде:
„Не можете вие поради интересот на јавноста и поради тоа што не ви се допаѓаат нечии ставови или прашања, да имате бурен и несоодветен однос. Од промената на ставовите по однос на едно или друго прашање, од немањето консолидација во самата пратеника група, каде што и самиот е дел од таа пратеничка група на сопствената политичка партија“.
Според неа, можат да се забележат различни состојби кои се случуваат во моментов кај опозицијата, а кои ги нема во лидерството на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател.
-Клучна е разликата по овие работи и мислам дека е многу јасен феноменот, каде што Венко има понизок рејтинг од својата партија е фактот, каде што ние гледаме дека идеолошки луѓето и што се членови, симпатизери, кои што ја поддржуваат таа идеологија, социјалдемократијата, не се идентификуваат со начинот на којшто лидерот ја води партијата или политиките кои што ги презема. И можеме ние да го видиме, низ дневни преписки кои што ги имаат, дневни лоши состојби кои што се случуваат, откажувањата на конгресите неколку пати во нивната партија. Има таму големи турбуленции, но за жал, нема човек којшто тоа може д аго види или пак многу поверојатно тој човек го гледа тоа, но инсистира на уништување на својата политичка партија за зачувување на тоа лидерско столче, кое што не му се напушта, заклучи Митева.








