👁️  5

Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД, Мајк Роџерс, побара од американскиот министер за одбрана Лојд Остин да сведочи пред комисија поради ненавремено информирање за неодамнешната хоспитализација, за што не бил известен ниту претседателот Џозеф Бајден.

„Конгресот треба да разбере што се случило и кој ја донел одлуката да спречи откривање на местото на престој на член на администрацијата“, напиша Роџерс во писмото до Остин.

Остин (70) на 22 декември бил примен во Националниот воено-медицински центар Волтер Рид, каде бил опериран, откако претходно при рутински преглед му бил дијагностициран рак на простата.

Една недела подоцна добил инфекција и бил хоспитализиран на 1 јануари, кога завршил на интензивна нега.

Претседателот Бајден и високи претставници на американската администрација не беа информирани за хоспитализацијата на Остин до 4. јануари. Бајден рече дека Остин погрешил, но нагласи дека се уште има доверба во својот секретар за одбрана.