Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни Хрватската ракометна федерација поради прекршување на официјалниот протокол во текот на Европско првенство во ракомет 2026.
Хрватскиот сојуз ќе треба да плати 10.000 евра затоа што во текот на церемонијата на доделување медали било истакнато знаме што не било одобрено од ЕХФ.
Дополнително, селекторот Дагур Сигурдсон е казнет со 4.000 евра поради изјави упатени кон Европската федерација по полуфиналниот натпревар. Дел од двете казни се условни и ќе важат во наредните две години.
Иако во официјалното соопштение не е наведено за кое знаме станува збор, хрватските медиуми тврдат дека било истакнато знаме на Херцег-Босна, со натпис „Љубушки“.
Од ЕХФ повторно потенцираа дека нивни приоритет е спортот да остане одвоен од политиката и строго да се почитуваат правилата на организацијата.







