Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништила 272 украински дрона над повеќе руски региони, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Според соопштението, дроновите биле соборени над териториите на Белгородската, Брјанската, Волгоградската, Воронешката, Курската, Нижњеновгородската, Орловската, Ростовската, Рјазанската и Тамбовската област, како и над Крим и над Азовското и Црното Море.
Во меѓувреме беше соопштено дека најмалку три лица се убиени, а седум повредени во украински напад врз Симферопол на Крим.







