Песната на Дубиоза Колектив „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ ги собра симпатиите на многу фанови на БиХ од целиот свет, а сега стигна и до радио емисијата на Би-Би-Си.
Благодарение на пласманот на фудбалската репрезентација на Би-Би-Си на Светското првенство, оваа песна во преработена верзија „оживеа“ повторно.
Водителите на Би-Би-Си Радио 2 во „The Radio 2 Breakfast Show“ со ентузијазам ја коментираа оваа песна.
-Босна и Херцеговина долета со лизгачки старт и се обидува да ја симне од тронот Шакира како химна на целото првенство. Песната се вика „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ од хип-хоп групата од БиХ „Дубиоза Колектив“. Слушнете ја оваа, одлична е, рекоа водителите.
За потсетување, оваа ревидирана верзија, која беше објавена пред девет дена на YouTube, има над милион прегледи.
„САД“ во новото издание е скратена и има изменета строфа на босанскиот јазик.








