Реал го продолжи договорот со Камавинга

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска потврди дека Едуардо Камавинга (20) потпиша нов договор. Камвинга потпиша договор до 2029 година.

Претходно договорите со Реал ги продолжија Бразилците Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао. Кај сите во договорите откупната клаузула изнесува една милијарда евра.