Гоце Делчев – Идеолог, Стратег, Лидер (1.дел)

Во врска со македонската историја и местото, улогата и значењето на Гоце Делчев во неа, најпрвин се осрамоти Зоран Заев(Претседател на СДСМ), по него како историски слеп потрча и Стево Пендаровски(Претседател на Република Македонија), а еве сега го добивме и заталканото и заблудено Господово чедо Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ и професор, кој неуко и неумно изјавува дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е важен за македонскиот идентитет.

За нив, а особено за Рубин Земон, мој познаник и соработник од Парламентарните избори 2002 година, еве еден интензивен, краток, ама поучен вовед во курс од Едукација, Тренинг и Обука(ЕТО), во четири продолженија. Курс за лидери, ама лидери во вистинска смисла на зборот, лидери кои ја познаваат Историјата на Македонија и Македонците. Ајде да го скршиме мразот со генијалните мисли на Гоце Делчев.

 

Моралната револуција – Револуцијата во Умот, Срцето и Душата на еден ропски народ, е најголемата задача…

Гоце Делчев, Како идеолог и лидер на револуцијата што ја предводеше

 

Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите

Гоце Делчев, како космополит и културен деец

 

Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди, како македонскиот

Гоце Делчев, како психолог и познавач на карактерот на Македонците

 

Лекција бр.1: За вовед во курсот првин визуелно доживување во имагинативното и креативно претставување на ликот на Гоце Делчев од големиот креативец Ласко Џуровски. Уживајте! Барем обидете се.


 

Лекција бр.2: Првата мисла на Нашиот Гоце, напред наведена, е пример за тоа како вистински идеолог и стратег подготвува и изведува Револуција. Читајте заблудени чеда!

 

Лекција бр.3: Космополитизмот и високата културна свест на Гоце Делчев, се досега ненадминати. Учете, учете…просветете и просветлете се. Боже просветли им го Умот на твоите кутри, заталкани чеда

 

Лекција бр.4: Конкретна и кратка психолошка анамнеза за синовите-изроди на македонскиот народ. Е, мој заблудени чеда, тука можеби и ќе се препознаете.

 

Професоре Рубин Земон, као што напред ви напишав: читајте и учете, ама и да научите.

Ова е вовед во интензивниот ЕТО курс. Главното следува.

 

Сотир Костов