Работилници за пензионери во Музеј на Македонија: Креативно творење и нов простор за дружење

Едукативниот центар во Музејот на Македонија продолжува со работилници за пензионери- нов простор за дружење низ креативност.

Секој вторник од 10:00 часот:
• моделирање и боење на глина и глинени садови
• играње домино со музејски предмети

Бројот на учесници е ограничен на 15 лица, а пријавувањето може да го направите на телефонскиот број 070 226 177


Од Музејот истакнуваат дека овие средби се можност за активно исполнето време низ креативно творење, игра и дружење.

Во зависност од интересот на пензионерите, од Музејот остануваат отворени за ваквите работилници да се одржуваат секој вторник.