По тешката повреда на ногата која ја доживеа Конор Мекгрегор во мечот против Дастин Порие во јули 2021 година, тој не влезе во рингот.
Како еден од најголемите „магнети“ за пари, тоа не го воодушевило првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, кој не е задоволен од моменталната состојба.
„Штом ќе заработите одредена сума на пари, не можете да останете личноста којашто сте биле на почетокот, да бидете гладни, да работите напорно и да бидете посветени на спортот – или на било која вештина со која се занимавате – парите менуваат сè и Конор Мекгрегор заработи таква сума на пари“, изјавил Вајт.
„Гладта и мотивацијата не се исти. Сè за кое Конор некогаш сонувал и она за кое никогаш не можел ни да сонува, сега го име. Тешко да се биде на јахта по цел ден и потоа да се каже: ‘Ох, морам да се вратам во теретана и повторно да почнам да се борам’“. доврпи во својата иззјава Вајт