Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Според најавите, особено во понеделник и вторник ќе дува засилен до силен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.