На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.








