ПОПЛАВА ВО РУСИЈА: Три лица загинаа во градот Орск во областа Оренбург каде се евакуирани 4.208 лица, меѓу кои 1.019 деца

Три лица загинаа во поплавите во градот Орск во областа Оренбург во Русија, соопштија градските власти.

Властите наведуваат дека во градот е во сила вонредна состојба и дека повеќе од 2.500 домаќинства во областа се поплавени.


Претходно прес-службата на гувернерот на регионот Оренбург соопшти дека во тој регион се евакуирани 4.208 лица, меѓу кои 1.019 деца, а 427 од нив, меѓу кои 132 деца, се во центри за привремено сместување.

Фото: МИА архива