Мелина Џиновиќ се мажи во сабота: Гостите на гламурозната веселба во Монако ќе пристигнат со јахти и хеликоптери

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ и поранешна сопруга на Харис Џиновиќ ќе се мажи за богатиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд во Монако во сабота, дознава „Блиц.рс“.

Гламурозната прослава ќе се одржи во Монако, а гостите на свадбата ќе пристигнат со бродови и јахти, а некои дури и со хеликоптери.


Ова ќе биде втор брак за Мелина по разводот од Џиновиќ. Во сабота таа ќе се омажи за богатиот Англичанец (70).

– Во сабота, свадбената дружина пристигнува во Монако од целиот свет, каде што им е обезбедено сместување во еден од најлуксузните хотели. Планирана е и свадбена церемонија, а на дестинацијата, каде што сè ќе се случи, гостите ќе дојдат со организиран превоз, хеликоптер или јахта. Прославата е во еден од најдобрите хотели, омилено место на богати луѓе и милијардери од целиот свет, дознава српски „Блиц“.