Половина штипски адвокати одбиле да го бранат педофилот од Штип

Повеќемина угледни штипски адвокати одбиле да бидат правни застапници на 65 годишниот А.Ш кој е обвинет за педофилство, потврдуваат соговорници на Тв Стар од адвокатската фела.

„Сите ние сме огорчени од постапките на А.Ш. и без оглед на високите хонорари се договоривме тој да си бара други бранители. Секако дека тој веќе има бранител, но ние во овој случај свесно се иземаме иако право на одбрана има секој“, велат адвокати на кој им било понудено да го застапуваат А.Ш.