Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денеска на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану.
Илиеску беше примен во болница во почетокот на јуни, каде што беше подложен на операција поради рак на белите дробови, а во последните неколку дена неговата состојба се влоши.







