ПМФЛ: Работнички го победи Арсими

Работнички повторно се врати на победничките патеки откако на домашен терен со сигурни 2-0 го совлада тимот на Арсими, со што ја задржа надежта за опстанок во прволигашкото друштво.

По серијата од четири врзани победи, „романтичарите“ беа запрени со поразите од Шкендија и Вардар, но по тешките пресметки со фаворитите, сега повторно освоија значајни бодови.

работите се променија во вториот дел. Само девет минути по паузата, Работнички дојде во водство преку Муарем, кој ја круниса една добро изработена акција на домашниот состав.


По примениот гол, Арсими се отвори и тргна по израмнување, но тоа остави простор за контранапади. Токму од таква ситуација, во самиот финиш, Хоџа стави точка на натпреварот и ги постави конечните 2-0.

По 28 одиграни кола, Работнички сè уште се наоѓа во опасната зона, со бод помалку од Пелистер кој е на позиција што води во бараж.

Во наредното коло, Работнички ќе гостува кај Македонија Ѓорче Петров, додека Арсими го очекува дуел против Шкупи, кој на хартија изгледа како полесна задача.