ПМФЛ: Башкими ја шокираше Шкендија среде Тетово и му направи услуга на Вардар

Во рамките до 29. коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Башкими среде Тетово го совлада актуелниот бранител на титулата, тимот на Шкендија со конечни 2:3, и можеби му го зададе ударот во обидот да ја одбрани истата сезонава.

По само три минути игра Вебстер погоди за 1:0. Шкендија промаши уште една, две ситуации, за да веќе во деветтата минута, Аворнио изедначи на 1:1.

Следуваше шок периодот за домашните. Во 35. минута на прекрасниот центаршут од лево, Ор реагира прекрасно ан петерецот и забива за 1:2.

Само три минути подоцна, неговиот удар завршува во аголот од голот на Гаје, а судиската одлука беше дека офсајд нема. ВАР Технологијата тоа го потврди.

На полувреме домашните заминаа до сва минус но не се разочараа. Тргнаа офанзивно по паузата, и следуваше намалување на резултатот. Обраими погодува за 2:3 во 65. минута, а капитенот на Шкендија погоди и за 3:3 подоцна.


Сепак, овој гол беше поништен поради офсајд.

До крајот домаќинот со сите сили се обиде да реализира но сепак, не успеа во тоа.

Со овој пораз, Шкендија и тоа како си ги намали шансите да ја одбрани титулата, затоа што сега има четири бода минус зад лидерот Вардар. Тој има во моментов 71, Шкендија 67, на четири кола до крајот на првенството.