Пешак тешко повреден во Тетово, завршил во болница

На 30.04.2026 во 15:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата помеѓу бул. „Илинденска“ и ул. „Гостиварска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (29) од с. Пирок удрило во пешакот С.Н. (74) од Тетово, информира МВР.

При тоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.


Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.