Нови фудбалски прволигаши се ФК Скопје и Шкендија Арачиново, а Пелистер и Брера се селат во Втората лига. Ова е драматичниот расплет на двата баражи за пополнување на Првата лига.
Скопје славеше со 1-0 против Брера, а Шкендија Арачиново на пенали беше подобра од Пелистер на неверојатниот натпревар во Кавадарци, откако регуларниот тек заврши со резултат 1-1.
Дуелот во Битола меѓу Скопје и Брера донесе максимално израмнета борба, со вистинска драма во самата завршница.
Клучните моменти се случија во финишот — најпрвин Ангелов во 86. минута пропушти златна шанса за Скопје откако не реализираше пенал.
Сепак, веќе во следниот напад, гостите од главниот град приредија шок во Битола.
По еден корнер од десната страна, Трајчевски се најде на вистинското место и со помош на пречката ја смести топката во мрежата за огромна радост.
Во Кавадарци започнаа во второто полувреме кога тимот од Арачиново прв дојде во водство со погодокот на Назифи, кој одлично се снајде по еден брз контранапад и ја затресе мрежата на битолскиот голман.
По примениот гол, Пелистер тргна на сè или ништо и целосно се отвори на теренот, што набрзо им донесе и најстрога казна. Сепак, искусниот Мирко Ивановски се посрамоти во оваа клучна ситуација, бидејќи најпрвин го промаши ударот од белата точка, а потоа и одбиената топка ја упати високо над гредата.
Иако во тие моменти се чинеше дека битолчани се пред целосна капитулација, „зелено-белите“ не се предадоа до самиот крај.
Во судиското продолжение најпрвин ја погодија гредата, а потоа во 97. минута преку Петковски, кој одлично реагираше на асистенцијата од Спировски, стигнаа до израмнување и толку посакуваниот пенал-рулет.
Од белата точка донесе дополнителен трилер во кој апсолутен херој беше голманот на Шкендија Арачиново, Антонио Столевски. Првото промашување се случи во четвртата серија кога Столевски го запре обидот на фудбалерот на Пелистер.
Веднаш потоа, во петтата серија, чуварот на мрежата на арачиновци повторно блесна со одбранетиот пенал на Ристевски, по што започна голема прослава на теренот.
Сепак, главниот судија Стојчевски по реакцијата од ВАР собата ја прекина прославата бидејќи беше утврдено дека голманот предвреме излетал од својата гол-линија.
повторениот обид Ристевски беше прецизен и израмни на 4-4, по што одговорноста ја презеде капитенот на Шкендија, Нухија, но тој ја пропушти првата меч-топка за влез во елитата.
Столевски продолжи со брилијантната партија и во шестата серија кога одбрани уште еден пенал, но арачиновци повторно беа непрецизни бидејќи нивниот удар по интервенцијата на Јовчевски заврши во дирекот.
Конечната разврска пристигна во осмата серија кога Петковски не успеа да го матира извонредниот Столевски, по што Дервиши ладнокрвно погоди од белата точка и официјално ја одведе Шкендија Арачиново во Првата лига.







