Европската лига на крајот за Мелсунген и Парондо

Ракометарите на германски Мелсунген предводени од поранешниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, славеа над Кил во големото финале на ЕХФ Европската лига и успеаја да дојдат до големиот трофеј.

Во меч кој донесе голема драма, ѓелсунген на крајот за гол беше подобар од своите бундес-ривал со 24:23, и успеа на крајот да триумфира.

Криштопанс со 4 гола го предводеше Мелсунген до победата.

По три гола постигнаа и Мандиќ, Менсинг и Кастенинг.