Патолошките лажговци Венко, Шмрчко, Жерновски и бандата од СДС

Ете, како и секој ден и денеска не беше поинаку. Ни прејде во навика, нов ден, нова лага од патолошките лажговци Венкослав Филипчев и бандата од СДС. Арамот, пак е на нивна адреса. Пак и пак и пак, ќелепурите се фатени во лага, до уши. Башка, носот повторно им порасна, не само од белиот иљач на Јон. Тука, Пинокио е „крив“. Башка „искречен“ , башка подолг…

Последните два месеци главна „фора“ на кујната на Јон Шмрчко и Венкослав (заради пробугарските му афинитети го преименувавме „лидерот“ на СДС), со која индолентно ја труеа јавноста е дека Македонија назадува со реформите. Намејани до уши (ко Заев и Венко на моторетките кога Македонците умираа „ко муви“ од короната), катадневно ја користеа оваа „зезалица“ и паѓаа во несвест од радост од истата.

Не само тоа, туку ајваните и одбројуваа на сопствената влада/држава и злорадо ликуваа со „само 10 дена, само девет, само осум дена до исполнување на реформската агенда од Мицкоски“, абе се давеа во сопствените истресоци од ќеф што демек сме биле катастрофа. Класичен, комуњарски врв на инфантилен автошовинизам, оикофобија, самопрезир, сервилност и комплекс на виша вредност кон комшиите и сите останати. Она, кога ликуваш што демек ти пропаѓа државата.

Ѓоамити, ако беше така, ако бевме крш во реформите ко што лажеа, Венкославци ќе се вратеа на власт? Заевци така немаше да свират клавир за зулумите и арамилакот врз народната каса ли? Ќе се простеа ли гревовите на врхушката на СДС и ќе одјаваа кон зајдисонцето, среќни и орни за нова кражб, орни за нова антимакедонска авантура и полни со елан за  распродажба на нова серија идентитески одредници ли? Ццццц, ни тоа немаше да ги спаси од правдата, но вредеше да се обидат, нели?

И сега, „шу прајме“, ко што викаа оние шарените одроди додека фарбаа за стотче по Македонија?

Е сега, сега доаѓаат на сцена фактите. А тие, што велат тие? На голема жал на Венкослав Муртинхаузен (та, чуму октроираниот лидер би бил поинаков од стопанот Црпко?), еве што велат новите факти, не лаги на СДС:

Македонија доби најмногу пари од кандидатите за ЕУ. Европската комисија денес стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра!!! за Република Македонија, во рамки на Инструментот за реформи и раст. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на деловната конкурентност и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Република Македонија.


Овој ТОНЧ е од ЕУ, претходеа Велика Британија за мигрантите и Унгарија за кредитот, ЕК преку кабинетот на Марта Кос за Тројанските магариња Венко и Јон, шлаканица со три месеци изветвено интервју на известувачот Вајц. Што уште треба за македонските Неверни Томи да сфатат со какви дилајли си имаат работа, дека овие патолошки хохштаплери немаат поим од и за ЕУ? За НАТО прашајте го меѓународниот им секретар Жерновски..

Ќе се извинат ли севеџанизираните чеда, возљубени во Заев, за лагите?

Јок, таму доблеста и фер-плејот се грев, не одговараат на фото-роботот на успешен есдеесовец, ама никако.

Во меѓувреме, листата на лагите само расте, а гласачкото конто им паѓа. По бугарските бљувотини кои Венкослав ги изнесе, по лагите за некаков си банкрот, по повраќаниците за медиумите и војната со нив и измислените владини криминали, тендери и фејк-тендери конструкции за што ли не, секојдневни лапрдии од Шмрчко, Богданка, Жерноски и врховниот им врач Венкослав, време е да ги баталиме и ставиме на „игнор“, ова е веќе работа за една иснтитуција од Бардовци. И за вистинското „жоло комбе“, кое толку го спомуваа пред пучот на 27 април, комбе кое носи кошулчиња. кои се закопчуваат одзади, најновата СДС мода, искомбинирана со новопраојавената амбиција за музикалност и свирење клавир, пиајно ли.

Туку, ај за реформската агенда, за буџетот, за се’ што кажавте, каде се бре тоа МИГРАНТИТЕ???

И така, цела флотила жолти комиња се упати кон Бихаќка, за нивно добро, за добро за некогаш демек „државотворната“ партија која сега е саде „марихуанотворна“ и патолошка, резил…

И така, во време кога се затвора сезоната „ќе ослабам до лето“ и доаѓа новата „ќе ослабам до есен“, па до зима итн., така и СДС ќе го дигне рејтингот на есен, до зима ли. Ќе дојде денес, утре, а поверојатно вчера…