Осум загинати и 33 повредени во автобуска несреќа во западна Турција

Осум лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западна Турција, што се случи рано изутрината, јавија турските медиуми. Меѓу загинатите е и деветмесечно бебе и возачот на автобусот.

Автобусот удрил во заштитната ограда на автопатот во турската покраина Денизли, а потоа се запалил. Превезувал 38 патници и тројца вработени во автобуска компанија на линија од градот Измир до Анталија.


Вчера беше последниот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, забележуваат агенциите и додаваат дека во овој период често има голем број сообраќајни несреќи поради густиот сообраќај.