👁️  194

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека самата Македонија побарала САД да ни помогне во борбата против корупцијата. Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата. Меѓутоа, во однос на изјавата на Агелер во која вели „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за сеопфатен поглед на корупцијата во земјава и дека поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа.

Американската амбасадорка, Анџела Агелер, вчера преку „Твитер“ соопшти дека во земјава пристигнал американски тим за санкции со цел да утврди како стои работата со гонењето на корумпираните лица. Агелер во интервју за „Сител“ рече дека корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакаат да останат тука“, вели Анџела Агелер.

И министерот за внатрешни работи, Спасовски ја коментираше изјавата на Агелер, велејќи дека МВР стои на располагање за секаков вид активност за борба против корупцијата.

Амбасадорката на САД, Агелер, заклучи дека корупцијата ги „брка“ младите од земјава и дека тоа е најголемата загуба за Македонија.