Семејствата на осудениците за упадот во Собранието на 27 април 2017 ќе добијат помош во висина од 10.000 денари со одлука на Општина Битола.
Одлуката следува на иницијатива насловена „Помош за семејствата на неправедно осудените“ од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
За одлуката позитивно гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советниците од Левица. Советниците од СДСМ и од Поинаку не присуствуваа на седницата.
Во судскиот процес, 16 лица беа осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.