На 31.05.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа А.И.(23) и Љ.Б.(23), двајцата од Тетово.
Околу 20:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б., а сопатник бил А.И., при што сопатникот одбил да се легитимира, двајцата не дозволиле нивен личен преглед, а возачот Љ.Б. агресивно се однесувал и се заканувал на полициските службеници.






